сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јошко Миленкоски е нов тренер на ПАОК

Јошко Миленкоски е нов тренер на ПАОК

Поранешниот македонски селектор на одбојкарската репрезентација, Јошко Миленкоски ќе седне на кормилото на грчката екипа ПАОК.

Миленковски на почетокот на годината седна на кормилото на Црна Гора, а претходно како селектор има работено со составите на Македонија и Турција.

Стратегот во богатата кариера предводеше и голем број тимови, меѓу кои се Работнички, Нико Доага, Борец, Финикас Сирос, како и уште неколку екипи.

Миленкоски во Македонија освои 28 трофеи од кои 15 беа во првенството со Работнички, додека останатите 13 му се во Купот, каде што беше најдобар 12 пати со Работнички и еднаш со Борец.