сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал: Не би можел да кажам дека Федерер ми е пријател

Надал: Не би можел да кажам дека Федерер ми е пријател

Актуелниот најдобар тенисер на светот, Рафаел Надал, истакна дека пензионирањето на неговиот ривал швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер, нема сериозно да влијае на неговата кариера.

– Мораме на нашите кариери да гледаме со студени глави. Ако тој го напушти тенисот пред мене, мислам дека тоа нема да влијае на мојата игра. Најголемиот предизвик е борбата со самиот себе, потенцира Надал.

Шпанскиот тенисер нагласи дека двајцата меѓусебно се почитуваат, но дека не станува збор за пријателство.

– Со Федерер имам одличен однос, но не би можел да кажам дека сме пријатели. Пријателството е нешто сосема друго, истакна Надал.

Интересно е дека Федерер неодамна изјави за специјалната врска со големиот ривал Надал надвор од терените.

– Ние сме добри пријатели надвор од теренот, бидејќи сме споделиле неколку посебни моменти. Можеби затоа што сме учествувале во хуманитарни акции, наведе Федерер.

Двајцата тенисери од втори јули ќе играат на Вимблдон.