Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде коментар за оставката на британскиот премиер Борис Џонсон.
Зеленски во интервју за „Си-Ен-Ен“ кажа дека Џонсон бил вистински пријател на Украина и многу ѝ помогнал за време на кризата. Претседателот на Украина покажа надеж дека ќе разговара лично со Џонсон во следниот период за да дознае зошто е поднесена неговата оставка.