четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Битолчани се забавуваа со Поп симфонија: Настапија Алабаковски, Каран, Тржан, Лоба…

Битолчани се забавуваа со Поп симфонија: Настапија Алабаковски, Каран, Тржан, Лоба…

Како дел од битолското културно лето БИТ ФЕСТ, во рамките на Балкан гала фестивалот, на Ракометното игралиште во Битола, многубројната публика имаше можност да се забавува со Поп симфонијата на која гостуваа Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.

Изведувачите беа придружувани од Камерниот оркестар на Битола со диригентот Владимир Димовски.

Денес, на програмата на БИТ ФЕСТ, продолжува „Џез фабрика фестивалот“, кој трае до 9 јули, а во киното „Манаки“, завршува неделата на детски филмови, со проекциите на филмовите „Мираи“ (во 11.00 часот со синхронизација на македонски јазик) и „Кариран нинџа“ (во 13.00 часот со синхронизација на албански јазик).

Во недела, во 19:30 во Офицерскиот дом настапува Џенгиз Ибрахим со концертот насловен „Туркуаз“, а во 21.00 часот на Платото пред Офицерскиот дом ќе се одржи Електронски музички летен фестивал, во организација на регионалниот младински форум.