На денешниот седми по ред протест граѓаните пред министерството за Правда оставија неколку пишани пораки, за да надлежните да го почитуваат уставот и законите.
Имено, пораките напишани на хартија кои ги испратија револтираните граѓани гласат: „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“, „Ова е Устав“, „Ова е Јустиција, знаете што следи“.
Граѓани со развиорени македонски знамиња и со маички на кои е напишано „НЕ“, како и „Навиваме за Македонија“, се дел од учесниците на протестот против францускиот предлог што вечерва почна пред Владата.
Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува седми ден.
Протестите продолжуваат и следните денеови.