петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски ги собра генералите и издаде јасна наредба

Зеленски ги собра генералите и издаде јасна наредба

Украина со помош на оружјето на НАТО најавува голем контранапад на југот на земјата со цел да го ослободи тој дел од Украина. Претседателот Володимир Зеленски ги собра генералите и им нареди да направат план кој ќе вклучува милион војници опремени со западно оружје.

Министерот за одбрана за медиумите изјави дека целта е да се ослободи областа на Црното Море, која е од витално значење за украинската економија.

– Политички гледано, тоа е клучно за нашата земја. Претседателот дал наредба, сега останува на воените функционери да направат план – рече Резников и додаде дека е во постојан контакт со западните колеги на кои детално им објаснува какво оружје и треба на Украина.

– Задоволен сум од соработката со земјите од НАТО, но мора да биде уште побрза.

Дека нешто се случува на југот на земјата сведочи и веста објавена од украинската армија, која наводно гласи: „Го ослободивме селото Иваника во областа Керсон. Единствено што нашле таму е уништеното руско оружје. ..”

Се уште нема официјална потврда дека овие наводи се вистинити.