сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две жртви во неколку вооружени грабежи во познат синџир продавници во Калифорнија

Две жртви во неколку вооружени грабежи во познат синџир продавници во Калифорнија

Лос Анџелес, 12 јули 2022 (МИА) – Две лица загинаа, а тројца се ранети во грабежи на шест продавници на американскиот ланец „7-Eleven“ (7-11) во Јужна Калифорнија.

Локалните власти соопштија дека трагаат по еден напаѓач. Нападите беа извршени во период од околу пет часа на 11 јули (7-11), денот кога националниот бренд ја слави својата годишнина.

Вчера беше 95-годишнината на брендот и продавниците нудеа бесплатни пијалаци. Во тек е истрага за нападите во Онтарио, Апланд, Риверсајд, Санта Ана, Бреа и Ла Хабра.