петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Машка плодност: Кога е најдобрата возраст за да станете татко според научниците

Машка плодност: Кога е најдобрата возраст за да станете татко според научниците

Мажите често мислат дека нивните години не се важни кога станува збор за правење и раѓање на дете, дека биолошкиот часовник е важен само за жените. Но, квалитетот на спермата опаѓа со годините, а од биолошка гледна точка научниците препорачуваат дека мажот е најпогоден да стане татко во доцните дваесетти години па до раните триесетти години.

Мажите можат да станат родители и на 50 години, па и повозрасни. Според Гинисовата книга на рекорди, најстариот маж кој добил дете бил на возраст од 92 години во времето на раѓање. Сепак, истражувачите открија дека возраста на мажот може да влијае на шансите за забременување. Мажите постари од 40 години имаат помали шанси за успех.

Машкиот биолошки часовник

Како што старее мажот, неговата спрема минува низ генетски мутации што ја зголемува веројатноста ДНК-та на неговата сперма да се оштети. Тоа може да влијае на плодноста и исто така да создаде потенцијални влијанија на здравјето на неговите идни деца.

Студии покажаа дека е поголема веројатноста татковците на поголема возраст да имаат деца со невроразвојно нарушувања. Студија спроведена во 2010 година покажа дека потомците на мажи постари од 40 години пет пати имаат поголем ризик од развој на нарушување од аутистичен спектар во споредба со другите, пишува Times of India.

Кога мажот престанува со производство на сперма?

Мажите обично никогаш не престануваат да произведуваат сперма, но се јавува пад на квалитетот на спермата. Светската здравствена организација постави параметри кои се мерила за здрава сперма. Тоа го вклучува бројот, морфологијата и подвижноста на сперматозоидите.

Почнувајќи од околу 35 година, можат да се забележат влошувања на параметрите.

Здравјето и плодноста на мажите

Здравјето на спермата може да зависи од различни фактори кои влијаат на шансите за плодноста. Што се однесува до количината, плодноста е најверојатна ако спремата испуштена во една ејакулација содржи најмалку 15 милиони сперматозоиди по милилитар. Премалку сперма во ејакулацијата може да ја отежне бременоста. Кога станува збор за подвижноста на сперматозоидите.

Бременост е можна со помалку од 40 проценти сперматозоиди во ејакулат кој се движи, при што 40 проценти е прагот бидејќи колку е повисок, толку се поголеми шансите за бременост.

Кога мажите се најплодни?

Возраста во која мажите се најплодни е меѓу 22 и 25 години. се предлага децата да се раѓаат пред мажот да наполни 35 години. по оваа возраст, плодноста се влошува. По 35 година сперматозоидите можат да доведат до бременост во која може да дојде до мутации.

Значи, ако возраста на мажот е над 45 години, поголеми се шансите за спонтан абортус без оглед на возраста на трудницата.