четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Народот не прифаќа бугаризација, власта да се откаже од туркање на анационалниот предлог, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Народот не прифаќа бугаризација, власта да се откаже од туркање на анационалниот предлог, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Народот не прифаќа бугаризација, власта да се откаже од туркање на анационалниот предлог. Предлогот на Ковачевски не ја води Македонија напред. Државата ќе тоне затоа што нема да напредува според Копенхашките критериуми, туку според уцените за бугаризација, кои се со цел целосна асимилација на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека академската заедница, новинарите, колумнистите, целата јавност се против предлогот, само Ковачевски и власта се за.

– Ковачевски да не се плаши, и да го отфрли предлогот. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ништо што е спротивно на македонските национални интереси, затоа во 19 часот да излеземе на протест пред Влада, потоа продолжуваме со марш по мостот Гоце Делчев, преку зградата на МНР до Собранието. Повикуваме на мирно и достоинствено протестирање. Да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ – БЛАГОДАРАМ, се додава во партиското соопштение.

Најнови вести