недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Топлотниот бран лошо влијае врз квалитетот на воздухот во Европа

Топлотниот бран лошо влијае врз квалитетот на воздухот во Европа

Топлотниот бран во Европа предизвикува влошување на квалитетот на воздухот, особено во градовите, изјави денеска на прес-конференција во Женева претставникот на Светската метеоролошка организација (СМО), Лоренцо Лабрадор.

– Воздухот што не се движи не дозволува да се распрснуваат атмосферските загадувачи, вклучително и штетните честички, рече Лабрадор.

Тој посочи дека атмосферските загадувачи го намалуваат квалитетот на воздухот и се штетни за здравјето на луѓето.