сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски од Трубарево порача: Секое дадено ветување се реализира

Стефковски од Трубарево порача: Секое дадено ветување се реализира

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес го посети маалото наречено Пуста Кула во населеното место Трубарево каде продолжи акцијата за асфалтирање на локални улици.

Градоначалникот Стефковски за посетата објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Жителите на Пуста Кула во Трубарево повеќе нема да газат во кал. Денес го посетив маалото наречено Пуста Кула во Трубарево каде продолжи акцијата за асфалтирање на локални улици. Граѓаните кои имав можност да ги сретнам порачаа дека поучени од минатото не верувале дека ќе им се асфалтираат улиците. Мојата порака до граѓаните е да имаме трпение. Секое дадено ветување и кажан збор ќе се реализира. Заврши времето на лажни ветувања. Ова е новото време во нашата Гази Баба, напиша Стефковски.