Зборувате дека идентитетот воопшто не е засегнат со ова меѓутоа јас како научник особено што се занимава со антропологија имам чувство дека ние зборуваме за различни работи бидејќи ова вие што го зборите дека идентитетот не е загрозен но не размислувате дека идентитетот на вашите поколенија е загрозен, изјави Велика Стојкова Серафимовска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.
Таа посочи дека со овој договор и со претходниот преспанскиот договор се нарушува македонската колективна меморија.
„Она вие што го направивте и со потпишувањето на срамниот преспански договор а и со очигледното потпишување на овој уште по срамен договор е дека зачепнувате во најсветото, во меморијата“, кажа Стојкова Серафимовска.
Стојкова Серафимовска истакна дека неписмено е ова и не постои заедничка историја помеѓу две држави, може да постои споделена историја, а никако заедничка историја. Заедничка историја имаме сите ние кои живееме на ова поднебје.
„Јас велам НЕ бидејќи си го слушам македонскиот народ, македонската нација која 13 дена е пред ова Собрание и кажува НЕ. Го слушам МАНУ бидејќи академиците кажаа НЕ, професорите од УКИМ и од сите други Универзитети кажаа НЕ, МПЦ кажа НЕ, сите релевантни институции, експерти поединци кажаа НЕ и јас велам нормално НЕ бидејќи ги слушам нив кои се многу по образовани од сите нас тука“, посочи Стојкова Серафимовска.
Таа упати апел до пратениците да кажат НЕ, како што кажал НЕ „Партениј Зографски“ во 1858 година кога имало обид да се спојат бугарскиот и македонскиот јазик а тој рекол дека Македонците не примаат писмен јазик далечен од нивниот народен јазик. Кажал НЕ и „Ѓорѓија Пулески“ кој имал јасен и дециден став на себе определувањето, кажал не и „Глигор Прличев“ и не ја прифатил стипендијата да студира во Лондон бидејќи требало да се пише Грк.