Викторија и Дејвид Бекам со своите деца уживаат на море, а одморот го искористија да ја прослават 23-годишнината од бракот и 11-тиот роденден на нивната ќерка Харпер.
Бекамови уживаат во луксуз, па овие денови се главна тема на медиумите со оглед на тоа што целиот комплекс го имаат под закуп за себе, а освен тоа ги чува и обезбедување.
Викторија ги израдува своите следбеници објавувајќи дека конечно направила профил на се попопуларната мрежа Тик Ток, која им се допаднала и на нејзините деца, но веќе успеала да налути многу обожаватели иако можеби имала намера само да биде смешна.
Познато е дека Бекам своевремено беше член на групата Spice Girls, а нејзиниот прекар во тоа време бил Posh Spice, кој го користела како инспирација во контроверзното видео.
Имено, дизајнерката сподели видео во кое на своите следбеници им порачува „кажи ми дека си отмен без да ми кажеш дека си отмен“. Потоа на видеото се гледа како келнер носи риба и зеленчук на скара.
@victoriabeckham #StitchPosh ♬ original sound – Victoria Beckham
Ова налути многу корисници на Tik Tok кои го повикаа дизајнерот дека се фали, додека други во светот минуваат низ страшни кризи и немаат храна.
„Кажи ми дека немаш поим за актуелната криза без да ми кажеш дека немаш поим за актуелната криза“, „Кажи ми дека не си во контакт со светот без да ми кажеш дека не си во контакт со светот“, „Викторија , луѓето не можат да си ги нахранат децата“ беа дел од коментарите упатени до познатата дизајнерка која можеби немала лоша намера, но започнала вистинска лавина гнев.