четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Се урна авион при слетување, преживеаја сите 30 патници

ВИДЕО: Се урна авион при слетување, преживеаја сите 30 патници

Патнички авион денеска се урна при слетување на аеродромот во главниот град на Сомалија, Могадишу, а сите 30 патници се спасени.

На видео-снимките од местото на несреќата се гледа авион во пламен, од кој се издига црн чад. Најверојатно авионот се превртил при слетувањето.

Авионот сообраќал од сомалискиот град Бајдоа до Могадишу.