сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Путин го разреши Михаил Виноградов од функцијата руски комесар во Европскиот суд за човекови права

Путин го разреши Михаил Виноградов од функцијата руски комесар во Европскиот суд за човекови права

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Михаил Виноградов од функцијата руски комесар во Европскиот суд за човекови права, објавено е денеска на официјалниот портал за правни информации.

– Началникот на главниот оддел за меѓународна правна соработка на Генералното обвинителство на Русија, Михаил Владимирович Виноградов е разрешен од должноста овластен претставник на Русија во Европскиот суд за човекови права, се наведува во указот на рускиот претседател.

Русија на 15 март годинава го започна процесот на повлекување од Советот на Европа, додека на 11 јуни беа објавени законите потпишани од рускиот претседател Владимир Путин за неизвршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени по 15 март во Русија.