Американската голферка со хрватско потекло Пејџ Спиранак е на врвот на листата „најсекси жени на светот“ во последниот број на списанието „Максим“.
Професионалната спортистка од Колорадо, по сѐ, изгледа ужива во нејзиниот статус на секс-симбол, позирајќи покрај својата насловница, на црвениот тепих од хотелот „Чичи“. Во објава на Твитер, пак, таа напиша дека е „сè уште во шок“ од тоа што е број 1, победувајќи ги, меѓу другите, и Меган Фокс, Ники Минаж и Ана де Армас…
„Луѓето велат, ги претставувате жените за тие да го покажат тоа што го имаат или да носат ‘помалку’ за да добијат поголемо внимание на интернет. Мојата порака е – носете го она што сакате да го носите“, вели таа во насловната статија.
Така, Спиранак денес има 3,5 милиони следачи на Инстаграм