понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Рибите да најдат хоби, Лавот го мачи некоја тајна

Рибите да најдат хоби, Лавот го мачи некоја тајна

ОВЕН

Дневниот хороскоп ви предвидува неочекувани трошоци. Внимавајте на што ги трошите парите, не се расфрлајте. Партнерот ви подготвува изненадување, но се чини дека нема да ви се допадне. Бидете искрени, кажете му што ве мачи.

БИК

Денеска е ден за постигнување одлични резултати. Ќе добиете неочекувани пари, а вие сте на ред да ги потрошите само на себеси. Купете работи кои ви се потребни подолго време. Љубовта цути, задоволни сте од вниманието што ви го дава партнерот.

БЛИЗНАЦИ

Не дозволувајте влијанието од другите луѓе да ве кочи. Што се однесува до работата, само вие треба да одлучите, бидејќи само вие тоа ќе го правите секој ден. Нов познаник ви се насмевнува, личноста ќе биде крајно антипатична кон вас. Сепак, чувството ве мами, бидете сигурни.

РАК

Емоциите настрана, работата во фокусот. Тоа треба да биде вашата мантра денеска. Прифатете ја помошта од колегата, таа ќе ви значи повеќе отколку што мислите. Не сте задоволни од емотивната врска, на ред е да ставите крај на она што не ве прави среќни.

ЛАВ

Вашиот дневен хороскоп е фокусиран на заработка, затоа потрудете се денеска да направите сѐ како што треба. Во тоа најмногу ќе ви помогнат вашите комуникациски вештини, ќе му се допаднете на некој иден деловен соработник. Ве мачи некоја тајна, разговарајте со личноста која ви го кажала истото.

ДЕВИЦА

Знаете да ги охрабрите, расположите и мотивирате луѓето, а таквиот став на работа може да ве однесе далеку. Иако бевте прилично скептични за новата личност во вашиот живот, се чини дека станувате посериозни за вашите намери. И таа е, подгответе се за романса.

ВАГА

Денеска не поднесувате авторитет, па можни се проблеми со претпоставените. Како што одминува денот така ќе бидете порасположени, а за тоа ќе придонесат и пријателите и семејството. Организирајте патување, семејството сака да поминувате што повеќе време со нив.

ШКОРПИЈА

Веќе некое време сте тема број еден во колективот, се чини дека сите знаат се за вашиот приватен живот, а тоа влијае на вашата самодоверба. Кога обрнувавте внимание на туѓите мислења? Продолжете со свое темпо, ќе ви се исплати. Нова љубов на хоризонтот.

СТРЕЛЕЦ

Денеска не треба да купувате, да склучувате зделки, да преговарате а не е ниту вистинско време за нови познанства. Фокусирајте се на партнерот, тој има нови планови да сподели со вас. Не би било лошо доколку одите некаде заедно и да си посветите време исклучиво еден на друг.

ЈАРЕЦ

Натпреварувачите на работа ќе ве принудат да дадете се од себе и да научите нешто ново. Добриот финансиски потег ќе ви се исплати, но тоа не значи дека треба да трошите онолку колку што можете да си дозволите. Можни се несогласувања со партнерот, добро размислете дали навистина го сакате крајот.

ВОДОЛИЈА

Денеска е одличен ден за финансиски работи, парични трансакции или потпишување договори. Имотно прашање можете да решите и на иницијатива на член на семејството. Денес е одличен ден за флерт, нова љубовна авантура ќе ве разнесе!

РИБИ

На работа ќе се соочите со некоја стресна ситуација, но најдобро е да останете смирени и да се обидете да ја скриете фрустрацијата. Нервозни сте, а тоа се одразува на вашите резултати. Најдете хоби за да си го одвлечете вниманието. Задоволни сте на љубовно поле.