недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инспекторатот ќе проверува дали вештачки се прави недостиг на пелети и огревно дрво

Инспекторатот ќе проверува дали вештачки се прави недостиг на пелети и огревно дрво

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека Владата ќе го задолжи Инспекторатот да провери дали во државата вештачки се прави недостиг на пелети и огревно дрво.

„Како што претходно при обидот да се направи профит со криење на прехранбените производи беа посочени сите компании што тоа го направија и сега ќе направиме слично со оние што се обидуваат да направат вештачки недостиг на пелети и огревно дрво за зголемување на нивните цени“, најави Битиќи.

Тој посочи дека денеска на Влада по допрен глас ќе дадат задолжение на Инспекторатот да излезе на терен за да потврди дека ваквите укажувања се вистинити.

„Укажувањето е дека трговците не дека немаат количини на пелети на огревни дрва, но тоа го прават вештачки, како што некој претходно се обиде пред одреден временски период тоа да го направи со прехранбените продукти за да има зголемување на нивните цени. Да имавме закон за воено профитерство лесно ќе реагиравме“, рече Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека во подготовка е закон за фер односи во стопанството, во кој, како што рече, тоа ќе биде регулирано.

Најнови вести