четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОЖАР ВО СЕЛО РАЗЛОВЦИ: Гори сува трева и дабова шума

ПОЖАР ВО СЕЛО РАЗЛОВЦИ: Гори сува трева и дабова шума
фото илустрат

Центарот за управување со кризи на својата официјална Фејсбук страница објави дека има пожар на отворен простор во атарот на с.Разловци на планината Средна, м.в.Ќурчински колиби каде гори сува трева и дабова шума.

– На терен се 3 ППЕ со 1 теренско возило и 1 лице од доброволно против пожарно друштво од Делчево, а кон пожарот се упатени и една екипа од 4 шумски работници. Зафатена е површина од околу 2-3 ха сува трева и дабова шума и поради ветерот и сувата трева пожарот се шири кон борова шума. ТППЕ – Делчево и ЈП ШС Голак, во моментот се подготвуваат да испратат дополнително уште по една екипа пожарникари и шумски работници, се додава во објавата.

Најнови вести