вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски: ИК со одлука за иницијативата за референдумско изјаснување за спречување на асимилацијата и штетните делови кои ги прифати власта

Сајкоски: ИК со одлука за иницијативата за референдумско изјаснување за спречување на асимилацијата и штетните делови кои ги прифати власта

Вечерва заседаваше Извршниот Комитет, седницата на Извршниот Комитет сеуште трае, каде се разговараше на актуелната теми, политичка состојба со особен осврт кон актуелното прашање врзано со преговарачката рамка, спорот со Бугарија и прифаќањето на шовинистичките позиции и мегаломански барања од Источниот сосед кон Македонија, а содржани во актуелниот протокол и членот 5 од рамката. Извршниот Комитет едногласно и во целост ја прифати иницијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација на Македонија, истакна Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Воедно во периодот што следи партијата започнува процес на широка консултација со експертската и општествена јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел е народно спротивставување на процесот на асимилација и идентитетско обезличување.

Народот ќе се спротивстави на ваквото антимакедонско делување на владата и предавство на националните и државните интереси.

Извршниот Комитет воедно посочува дека на површина излегоа сите лаги на Владата поврзани со овој процес. Ветија и излажаа дека историските процеси не се дел од овој процес. Ветија и излажаа дека македонскиот јазик е гарантиран, но во исто време кога Бугарија испрати декларација за негирање на македонскиот јазик и кога македонската влада исто така испрати скандалозен текст за македонскиот јазик во Брисел.

Ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а всушност започнаа преговорите само за Албанија, за Македонија не се сеуште почнати преговорите.

Воедно нагласуваме дека во овој процес сеуште стои гаранцијата и ветувањето пред граѓаните дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против уставни промени кои би овозможиле спроведување на процесот на бугаризација и идентитетско обезличување.

Владата со своето неодговорно однесување прави трајна штета врз националните и државни интереси, додаде Сајкоски.

Најнови вести