петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува гаснењето на пожарот кај делчевското село Очипала

Продолжува гаснењето на пожарот кај делчевското село Очипала

Претпладнево продолжува гаснењето на пожарот кај депонијата за градежен шут Ралова Чука во делчевското село Очипала.

Во моментот се уште гори внатрешниот дел на депонијата, откако вчера делчевските пожарникари направија појас на надворешниот дел, со што е спречено понатамошно ширење на огнот.

– Најголем проблем е внатрешноста на депонијата која гори на повеќе места, бидејќи иако ние ја изгасивме синоќа, поради лесно запалливите материи од градежниот шут, таа повторно се разгорува, велат од ТППЕ Делчево.

На терен и понатаму е пожарникарска екипа, а очекувањата се дека до пладне пожарот ќе биде изгаснат. Во гаснењето е вклучена и механизација од Јавното претпријатие ,,Брегалница”. (МИА)

Најнови вести