На 30 јули ќе стартува Светското ракометно првенство во кадетска женска конкуренција во Македонија, кое за првпат се игра со 32 селекции.
Познат е комплетниот распоред на кадетскиот мундијал, а нашите репрезентативки трите меча од групната фаза ќе ги играат во централниот вечерен термин.
Натпреварите против Сенегал, Узбекистан и Иран, избраничките на Љубомир Савевски ќе ги играат од 20:30 часот.
По двата меча на 30 и 31 јули, Македонија ќе биде слободна на 1 август, додека на 2 август ќе го одигра последниот меч од групната фаза.