Македонската репрезентација го доби дуелот за петтото место против Украина (26-23) на ЕХФ шампионатот за младинци, кој се одржува во бугарското одморалиште Варна.
Александар Петковски со седум и Славчо Шулевски со пет гола беа најзаслужни за триумфот на Македонија на овој меч.
Избраниците на Бранко Ангеловски остварија одличен резултат, ако се знае дека настапија главно со помлада генерација на младинци од останатите селекции.