Договорот од Преспа и двајцата грчки војници кои и понатаму се во затвор во Турција, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер и генералниот секретар на НАТО на нивната вчерашна средба на маргините на Европскиот совет во Брисел, според грчката новинска агенција АНА-МПА.
– Средбата траеше околу 20 минути и според владини извори, господинот Ципрас истакна дека врз основа на потпишаниот договор јасна е рамката дека треба да се заврши целиот предвиден процес, за да се упати покана од НАТО до ПЈРМ. Господинот Столтенберг, од негова страна, рече дека договорот со НАТО е во овие рамки, пишува АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.