среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг ги осуди нападите на Хамас, а Израел го повика да дејствува во согласност со меѓународното право

Столтенберг ги осуди нападите на Хамас, а Израел го повика да дејствува во согласност со меѓународното право

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги осуди нападите на Хамас врз Израел, но нагласи дека израелскиот одговор мора да биде во согласност со меѓународното право.

-Ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Истовремено, важно е израелскиот одговор да се одвива во согласност со меѓународното право, животите на цивилите да бидат заштитени и хуманитарната помош да стигне во Газа, рече Столтенберг во норвешкиот Парламент, пренесуваат британските медиуми.

Ген-секот на НАТО предупреди на опасноста војната да прерасне во поширок регионален конфликт.

-Иран, Хезболах и другите не смеат да ја искористат ситуацијата. Страдањата од последните недели не потсетуваат дека не смееме да се откажеме од работата на трајно и мирно политичко решение на конфликтот, рече Столтенберг.