Во германската покраина Бранденбург вчера изби пожар што уништи површина од 300 до 800 хектари земјоделско земјиште и шума.
Поради огнот околу 600 луѓе од неколку села мораат да ги напуштат своите домови.
Портпаролот на противпожарната служба утрово изјави дека ситуацијата е „многу тензична“ и оти за справување со огнената стихија од германската армија побарани се хеликоптери.
Голем пожар е активен и во Саксонија, а ветерот го отежнува гаснењето на огнот што се шири во националниот парк „Саксонска Швајцарија.
Во акцијата за гаснење се повредени седум пожарникари.