Министерството за надворешни работи информира дека започна проектот за мобилно издавање на патни исправи за нашите државјани во Кина.
-МНР испрати мобилна екипа во нашата Амбасада во Пекинг, со што драстично се скратува постапката за издавање патни исправи и во оваа држава. Со новата опрема, времето на чекање е скратено на неколку недели, од претходните 6-9 месеци (а во прекуокеанските земји и повеќе од година дена). Проширување на проектот во Кина досега беше оневозможен со рестриктивни мерки за карантин, информираат од Министерсвото.
Со ова, бројот на дипломатско-конзуларни претставништва опремени со ваква опрема се зголемува на 15.
Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи за време на овој мандат.