петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не бега од референдум, народот мора да има право да одлучи за самиот себе

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не бега од референдум, народот мора да има право да одлучи за самиот себе

СДСМ да не бега од референдум, народот мора да има право да одлучи за самиот себе, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Референдумот е врвна форма на демократско изразување на волјата на народот. Ниту едно прашање или процес не смее да биде исклучен од можноста да оди на референдум.

Референдумот е апсолутна можност власта да го чуе и имплементира ставот на народот.

Ако СДСМ и власта се убедени дека тоа што го прават со бугаризацијата на државата е исправно, тогаш каде е проблемот и зошто бегаат од референдум.

Очигледно СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум.

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати референдумската иницијатива, и таа е начин на да се зачува јазикот, историјата и идентитетот. Народот мора да биде слушнат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести