Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ упрати важно известување до граѓани по најавите дека од денеска се очекува невреме со пороен дожд и ветер.
-Поради најавите од УХМР за појава на невреме со ветар, пороен дожд и грмежи попладне и во четврток, апелираме до граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата поради можна опасност од нивно кршење паѓање, велат од ЈП „Паркови и зеленило“.