вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Штипските пожарникари подготвени да се справат со пожарот кој доаѓа од Криволак

Штипските пожарникари подготвени да се справат со пожарот кој доаѓа од Криволак

Штипските пожарникари се подготвени доколку пожарот кој е активен на Криволак, ја премине границата кон штипско, вели за МИА командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев. Тој истакна дека утрината биле на терен, со цел да го видат теренот и од кој правец пристигнува пожарот.

-Огнената стихија веќе граничи со нашата територија, утринава од она што можевме да го видиме на лице место е дека огнот сега е во дол и на непристапен терен. Добивме информација од ТППЕ-Неготино дека во моментов од воздух го гаснат два хеликоптери, вели Коцев.

Доколку огнената сихија влезе на територија на Општина Штип, тоа е во планинскиот предел позади селото Драгоево, во тој случај прво на терен ќе отида припадници на АРМ, а потоа и штипските пожарникари, од причина какошто вели Коцев што станува збор за незбеден терен, односно не се знае дали има неактивирана воена муниција.

Најнови вести