вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта бега од избори и од референдум, власта бега од народот

ВМРО-ДПМНЕ: Власта бега од избори и од референдум, власта бега од народот

Власта бега од избори и од референдум, власта бега од народот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Предавникот Ковачевски знае дека народот е против бугаризацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување и на избори, и на референдум. Тој само се грижи за својата фотелја и како ден повеќе да остане на власт.

Референдумот е најдобар начим да се слушне ставот на народот.

Власта не смее да го заложува целиот народ, идентитет, историја и јазик.

Интеграцијата во ЕУ треба да се случи под достоинствени критериуми, како што било пракса со сите држави кои до сега станале членки. Македонија и македонскиот народ не треба да бидат дискриминирани и асимилирани во тој процес, стои во соопштението на партијата.

Најнови вести