Унгарија го прифаќа вонредниот план на Европската унија за ограничување на потрошувачката на гас, изјави премиерот Виктор Орбан.
„Европското единство е важно, затоа го прифаќаме, бидејќи земјите-членки се подготвуваат за дополнително намалување на испораките на руски гас“, изјави денеска Орбан.
„Прифаќаме одлука што е неповолна за нас и ќе се обидеме да ја спроведеме со најмала можна штета“, рече Орбан на брифинг за медиумите во Виена по средбата со неговиот австриски колега Карл Нехамер, пренесува Ројтерс.