четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кулеба повика Русија да се прогласи за терористичка земја

Кулеба повика Русија да се прогласи за терористичка земја

Украинското Министерство за надворешни работи ја обвини Русија дека извршила воено злосторство со нападот на казнено-поправниот дом Оленивка, кој е под контрола на проруските сили и во него се држат украински затвореници.

– Ги повикувам сите партнери најостро да го осудат ова брутално кршење на меѓународното хуманитарно право и да ја прогласат Русија за терористичка држава, напиша Кулеба на Твитер.

Украина и Русија денеска меѓусебно се обвинуваат дека се одговорни за нападот на Оленивка, а Москва соопшти во нападот загинале 40 лица.