недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Заради неспособноста и крадењето на Ковачевски народот ќе плаќа над 300 денари повеќе за парно месечно

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Заради неспособноста и крадењето на Ковачевски народот ќе плаќа над 300 денари повеќе за парно месечно

Заради неспособноста и крадењето на Димитар Ковачевски народот ќе плаќа над 300 денари повеќе за парно месечно. Денешната одлука на РКЕ за поскапување на парното за скоро 15% е резултат на неспособноста и крадењето на Ковачевски да обезбеди поевтин гас за потребите на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова покачување значи околу 4.000 денари повеќе за парно за еден двособен стан, а и над 6.000 денари повеќе за семејствата со трособен или поголем стан.

Народот ја плаќа неспособноста на Ковачевски, но и неговата желба за криминал преку енергетскиот сектор. Затоа и ЕЛЕМ ќе биде претпријатието кое ќе управува со производството и дистрибуцијата на топлинска енергија, на чие чело е Васко Ковачевски, чија неспособност веќе ја чини Македонија над 250 милиони евра годишно, на име увоз на скапа струја, стои во соопштението и се додава:

„Димитар Ковачевски како премиер не успеа да обезбеди еден енергенс по нормални цени, ниту струја, ниту гас, ниту мазут, ниту јаглен.

Не само Србија, туку и Унгарија, Австрија, Германија, Италија, и сите други европски земји плаќаат поевтин гас од Република Македонија.

Со СДСМ и Димитар Ковачевски зимата ќе биде долга и тешка, а народот ќе ја плаќа нивната неспособност и криминал“.

Најнови вести