петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

БИЗАРНО: Старица доби надгробен споменик во форма на џиновски пенис (ВИДЕО)

БИЗАРНО: Старица доби надгробен споменик во форма на џиновски пенис (ВИДЕО)

Пред да почине, 99-годишната Катарина Ордуња Перез имала бизарна последна желба.

Таа побарала да има огромна статуа на пенис на врвот на нејзиниот гроб.

Семејството на Перез откри дека нејзиниот контроверзен надгробен камен, пенис долг 160 сантиметри и тежок 270 килограми, е завршен. Да, добро прочитавте, тој беше ставен на нејзиниот гроб во Мексико минатиот викенд како „приказ на нејзината љубов и радост на животот“.

„Таа сакаше да ја скрши парадигмата на сè што е мексиканско, каде работите понекогаш се кријат бидејќи нема отворен ум“, вели нејзиниот внук Алваро Мота Лимон во интервју за VICE World News.