Милица Тодоровиќ, по сопствено признание, веќе некое време не е во емотивна врска. Последното јавно момче на пејачката беше актерот Петар Стругар, но таа врска заврши пред две години.
Како и за многу нејзини колешки, така и летната сезона е работна сезона за Милица, а како што истакнува, моментално во нејзиниот напорен распоред нема време за мажи.
-Сè уште не сум подготвена за нова љубов, но се надевам дека тоа ќе се случи еден ден, рекла пејачката и додала каков е нејзиниот идеален маж:
„Тој мора да биде реализиран и енергично силен, да ја следи мојата енергија, како и да ме поддржува во работата бидејќи тоа е неопходно“.
Можеби Милица моментално нема партнер, но тоа не значи дека веќе не се гледа себеси во улога на мајка.
-Пејам од 13 години и тоа е доста. Може слободно едно бебе сега. Би сакала да се исполнам како мајка и мислам дека тоа треба да биде некаков следен чекор, на долг рок. Чувствувам дека се почесто ми доаѓа мајчинскиот инстинкт, признава пејачката за Глорија.