Македонската кадетска репрезентација одигра нерешено, 20-20 против Шведска и освои бод кој носи големи шанси за пласман во четвртфиналето на Светското првенство.
Денеска имавме шанси и за победа против Шведска, но на крајот треба да бидеме задоволни со ремито бидејќи тоа беше изборено со гол во последните секунди.
Шведска подобро го отвори мечот, имаше водство од 6-2, но во вториот дел од првото полувреме паднаа, па ние не само што ги стигнавме туку на полувремето Македонија замина со предност од 12-10.
Вториот дел почна со голем пад на Македонија, за 17 минути игра имавме дадено само три гола, Шведска лесно го врати водството. Беше 19-19 кога во последната минута Швеѓанките дадоа гол за 20-19, нам ни останаа уште неколку секунди за напад, а во нив Дукоска даде гол и израмни на 20-20.
Дукоска и Велкова беа најефикасни во македонскиот состав со по три гола, додека Јовановска запиша 11 интервенции.
Со овој бод Македонија има реални шанси да се пласира во четвртфиналето, доколку останеме непоразени против Исланд во петок, одиме сигурно во елиминационата фаза, доколку загубиме а Шведска го совлада Иран, ќе одлучува гол разликата.