четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски бара директно да разговара со кинескиот лидер

Зеленски бара директно да разговара со кинескиот лидер

Украина бара шанса директно да разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг со цел да се помогне да се стави крај на војната со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за Саут Чајна Морнинг Пост (South China Morning Post).

Тој ја повика Кина да го искористи своето големо политичко и економско влијание на Русија за да стави крај на борбите.

„Кина е многу моќна држава. Тоа е моќна економија. Па, може политички, економски да влијае на Русија. А Кина е постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации“, тврди Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека официјално побарале разговор со Си, но, досега, нивните барања за разговори завршувале неуспешно. (МИА)