Како што дознава Вечер.мк лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во следните неколку дена заедно со семејството ќе одмора во Црна Гора. Повеќе детали за одморот, односно каде ќе престојува Мицкоски и колку ќе остане, засега нема.
Инаку, на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ очигледно Јадранот му е омилена дестинација, а истото важи и за месецот во кој летува. Слично беше и пред две години кога тој отпатува во Хрватска и тоа непосредно по одбележувањето на Илинден.
Минатата година поради состојбата со пожарите тој остана дома иако, како што рече тогаш, имал силен притисок од домашните да одмораат заедно, пишува Вечер.