Секој кој оди на одмор во Италија би можел да биде пред неочекувано изненадување поради новите правила што ги донесе италијанската влада.
Имено, во некои градови не е дозволено туристите да покажуваат премногу изложена кожа, а доколку решат да не го почитуваат законот, следуваат високи прекршочни казни.
На одмор луѓето главно се облекуваат лежерно, особено ако планираат да го поминат денот на плажа. Со новиот топлотен бран, Луцифер, кој се шири низ Европа и неподносливите температури, не е ни чудо што мажите ги соблекуваат кошулите, а жените облекуваат бикини. Меѓутоа, доколку тоа се случи сега во Италија, постои ризик од казна и до 500 евра.
На пример, крајбрежниот град Соренто, во близина на островот Капри, воведе нов закон. Ако ве фатат како се шетате без кошула, треба да платите.
Градоначалникот Масимо Копола ја објасни новата регулатива на „Инстаграм“:
-Со забраната сакаме да го заштитиме и подобриме квалитетот на животот и пристојноста во центарот на градот и на јавните места, напиша тој и практично му објави војна на трендот топлес за мажи и бикини за жени.