недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лукаревска: Не е ниту време ниту место за референдум

Лукаревска: Не е ниту време ниту место за референдум

Ја имавме првата меѓувладина конференција и сега сме е во процесот на скрининг и треба максимално да се посветиме да ги сработиме нашите домашни задачи, да направиме соодветни реформи, да видиме каде треба да се подобриме, а онаму каде што сме добри да бидеме уште подобри, изјави директорката на директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска, додавајќи дека сега не е ниту време, ниту место за референдум.

– Не го знаеме прашањето за референдум. Јасно беа поставени црвените линии кои беа изгласани со 68 гласови во Собранието. Го имаме македонскиот јазик и идентитет, историјата е надвор од преговарачкиот процес. Кое прашање би требало да го поставиме? Дали сакаме да одиме во Европската Унија? Мора да одиме напред сите во овој процес, истакна Лукаревска во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизија Канал 5.

Во однос на уставните измени како услов за продолжување на преговорите по завршувањето на скрининг процесот, Лукаревска истакна дека целта е една и единствена, а тоа е европската агенда да се адаптира.

Таа изрази оптимизам дека уставните измени ќе поминат во Парламентот, бидејќи во него има прогресивни сили кои знаат што значи оваа шанса и сите потребни измени на законот и Уставот ќе бидат донесени од страна на соодветен број на пратеници.

– Има пратеници во опозицијата кои треба да ја кренат раката за измените, бидејќи не смее да се попречи европската перспектива и ова е шанса која не смее да се пропушти, изјави Лукаревска, додавајќи дека нема време за блокади, ниту за уназадување, бидејќи во овој процес мора да одиме напред сите заедно.

Најнови вести