сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

30% покачување на платите во УЈП – Лукаревска: При крај се и подготовките за е-фактури

30% покачување на платите во УЈП – Лукаревска: При крај се и подготовките за е-фактури

Вработените во УЈП следната плата ќе ја добијат со покачување од 30%. По многуте протести, во петокот е потпишан колективен договор кој доби позитивно мислење од Министерството за финансии, соопшти директорката на оваа институција, Сања Лукаревска во емисијата Summer Click на ТВ21.

Сања Лукаревска зборуваше и за е-фактурите кои беа ветувани долго време, додавајќи дека се при крај со нивните подготовки. Според раководството на УЈП, со е-фактурите ќе се олеснат многу процеси, како во делот на пријавувањето на фактури во електронска форма каки и за намалување на сивата економија.

Според Лукаревска оваа реформа би им била од помош не само на УЈП, туку и на коморите, физичките и правните лица.