недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка

Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка

Поради одржување на спортската манифестација Европско атлетско првенство во планинско трчање, што во организација на Атлетска федерација на Македонија ќе се одржи утре ќе има пренасочување на сообраќајот до Средно Водно.

Во периодот од 07.00 до 16.00 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе пренасочување на сообраќајот на улицата „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел „Панорама“ па се до Средно Водно, како и од с. Нерези (етно село) до Средно Водно.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.