Осмото коло на шаховската Олимпијада во Ченај донесе половичен успех на македонските селекции во машка и женска конкуренција.
Машката репрезентација го совлада Либан со максимални 4-0, додека шахистките претрпеа пораз со 2.5 – 1.5 во дуелот против Узбекистан.
Цел поен во победата на Либан освоија Звонко Станојоски, Тони Лазов, Никола Николовски и Андреј Вељаноски, додека во редовите на женската репрезентација Моника Стојковска победи на првата, а Драгана Николовска освои половина поен на третата табла.
По 8. одиграни кола машката и женската шаховска репрезентација на Македо нија имаат освоено по седум бодови.
Кај мажите води Ерменија со 12, додека Индија со 14 бодови е лидер во женска конкуренција. (МИА)