Полицијата во Келн го бара 16-годишниот Габриел Е. Од Золсток. Тинејџерот исчезнал во вторникот напладне на 2. јануари.
Момчето го напуштило домот околу 2 часот и од тогаш не е видено. Можноста да се работи за самоубиство, не се исклучува во моментов.
Исчезнатото момче е со висина од околу 1.75 сантиметри. Тој има кратка руса коса и носи очила. Во времето на исчезнувањето, момчето носело сина маскирна јакна, сиви пантолони, светло кафени чевли и црни ракавици.
На социјалната мрежа фејсбук, Галама се откри информација дека исчезнатото дете е всушност син на наша позната актерка, Елизабета Кочовска, која со години живее и работи во Германија.