недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Французин кој во март бил пријавен за исчезнат, нелегално сакал да влезе во Македонија

Французин кој во март бил пријавен за исчезнат, нелегално сакал да влезе во Македонија

Полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа С.И. (21) од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат.

Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Македонија и дал лажен исказ за личните податоци. Но, по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, на 27.09.2023 е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11.03.2023.

Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството.