недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Втора победа за македонските кадети на ЕХФ-шампионатот во Летонија

Втора победа за македонските кадети на ЕХФ-шампионатот во Летонија

Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Косово со 39:16 на ЕХФ-шампионатот во Летонија.

„Црвено-жолтите“ предводени од селекторот Раде Стојановиќ беа надмоќни во однос на ривалот и заслужено стигнаа до убедлив триумф и пласман во следната фаза.

Најефикасен во македонскиот состав беше Александар Петковски со девет погодоци.

Ова беше втора победа за Македонците по вчерашниот успех на мечот со Турција.

Следен противник на македонските ракометари ќе биде домашната селекција на Летонија. Оваа средбата ќе одлучува за првото место во групата А2. (МИА)