Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека градежните активности со полна динамика продолжуваат до крајот на летото, нови 5000 метри локални патишта, онаму каде е најпотребно.
– Добро е да се види задоволството кај жителите од тековните проекти и активности. Денес од утро на терен во Стопански Двор, Волково и Ново Село, во најава за идните инфраструктурни проекти. Наследивме децениски проблеми кој со многу труд и посветеност ги решаваме. Знам дека не може се оддеднаш, но кога има воља и со максимална посветеност проблемите се решаваат, пишува Стојкоски во својата Фејсбук објава.