Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов доби официјални честитки за организацијата на кадетското Светско првенство од страна на Хасан Мустафа, првиот човек на Светската ракометна федерација (ИХФ).
Мундијалот за прв пат во историјата броеше 32 учеснички и беше „генерална проба“ за она што не очекува во 2024 година.
За нешто помалку од две години во Скопје повторно ќе се одржи Светско првенство, но овојпат во јуниорска женска конкуренција.
Инаку, на кадетскиот Мундијал кој се одржа оваа година победник беше селекцијата на Јужна Кореа, а Македонија заврши на 12. место.