четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Што ќе се случи кога ќе почине кралицата: Премиерот ќе го известат со специјална лозинка, а новинарите веќе се спремаат

Што ќе се случи кога ќе почине кралицата: Премиерот ќе го известат со специјална лозинка, а новинарите веќе се спремаат

Пред три дена од Бекингемската палата е соопштено дека кралицата Елизабета втора ќе ја пропушти службата во Катедралата Свети Павле во Лондон зошто се чувствувала лошои.

Иако има 92 години, ретко кога се случува де ги пропушти закажаните јавни случувања. Британските медиумите очигледно тргнаа да се спремаат и за најлошото, па објавија текст „Што ќе се случи кога ќе почине англиската кралица“.

Елизабета втора, која е крунисана после смртта на татко и во 1953, со своите 92 години е најдолговечна кралица на тронот во историјата на британската монархија. Нејзиниот син, принцот Чарлс е следен во линијата за престолот.

Елизабета долго време веќе владее и ретко е отсутна од јавни настани поради здравствени причини. Сепак, како старее, Британците и другите кралски фанови се прашуваат што ќе се случи во иднина.

Кога Елизабета ќе почине, премиерот ќе биде известен и тоа со логика. Шифрата ќе гласи: „Лондонскиот мост е срушен“.

Поголемиот дел од персоналот во палатата ќе бидат пратени дома, па во тој период ќе почне комеморацијата во траење од 12 дена, што Велика Британија ќе чини малку поскапо.

Датумот на погребот и крунисувањето на нејзиниот наследник ќе биде прогласен празник, а се предвидува дека земјата ќе ја чини меѓу 1,2 и 6 милијарди евра.

Во текот на периодот на жалост Би-Би-Си ќе ги откаже сите хумористични емисии.

Ако почине во тек на ноќта, известувањето ќе следи во осум часот наутро. Ако објавата биде во тек на работното време, лондонската берза веројатно ќе престане со работа.

Новинарите на Би-Би-Си од време на време го вежбаат објавувањето на тие вести. Исто така, при рака ја имаат црната облека како не изгледале непримерно во појавувањето на известувањето за смрт во кралското семејство.

После нејзината смрт, ќе се промени и текстот на националната химна, па ќе се додаде делот за нејзината смрт.

Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а туристичките места ќе бидат затворени.

За тоа време, во посебна вечер во палатата Свети Јаков ќе се објави наследникот на Елизабета втора. После тоа, политичарите ќе се заколнат на верност на новиот владар.

Телото на Елизабета за тоа време ќе биде изложено во палатата, каде јавноста ќе може да и оддаде почит.

Најнови вести